Искра Трпева / Фото: Принтскрин / Фејсбук

По долго време и голема тага, Искра Трпева се огласи со убави вести

Пејачката и професорка по соло пеење, Искра Трпева-Арсовска, има убав повод за славење во својот дом.

Нејзината ќерка Ангела го прослави својот 15-ти роденден, а гордата мајка ја сподели својата радост со емотивна порака на социјалните мрежи.

Искра на својот фејсбук-профил сподели слика од Ангела и упати искрени и желби, со музичка метафора, како што и доликува на нејзината професија: „Нека животот ти подари мелодии што носат радост, ритам што дава храброст и аплаузи што се заслужени со труд и доброта. Биди верна на себе, а секој нов ден нека биде уште една убава нота во твојата животна симфонија. СРЕЌНА 15-ка око мамино“, напиша Искра Трпева и го означи сопругот Благоја Арсовски, кој исто како неа е професор во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.

Неодамна, Трпева-Арсовска по долго време се огласи во јавноста со убава вест.

Нејзината ќерка Ангела е полуматурантка, а пејачката сподели слика од својата гордост на Инстаграм и до неа напиша: “Полуматурантка. Зеницо моја“.

Трпева, која со години е целосно посветена на педагошката работа како професорка по соло пеење во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, одамна не е активна во поп музиката, но остана запаметена како еден од нашите најдобри женски вокали. „Допри ме“, „Штом падне мрак“, „Странец“, се дел од песните кои ги одбележаа музичките почетоци на Искра Трпева, а се паметат и денес.

Инаку, две големи тажни случки го одбележаа животот на пејачката Искра Трпева-Арсовска. Таа и сопругот Благоја го загубија синот само четири дена откако се роди. А Искра, за жал, 2021 година ја испрати со тажна случка, откако почина татко ѝ.

Таткото на Искра, Ванчо Трпевски, беше познат спортски работник. Непроценлив е придонесот на Ванчо Трпевски во Вардар, тренер кој го посвети целиот живот на црвено-црните.

Таа и сопругот Благоја денес се среќни родители на Ангела која изучува музика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот