ВИДЕО | Босна покажа дека е подобра од Катар и дојде многу блиску до нокаут фазата
Фудбалерите на Босна и Херцеговина ја остварија потребната победа против Катар славејќи триумф со 3-1 со што многу веројатно си го обезбедија местото во нокаут фазата.
Препорачано
Од самиот почеток БиХ беше подобрата репрезентација на теренот, притискаше и создаваше шанси, а резултатот беше отворен со фантастичен гол на Керим Алајбеговиќ во 29-тата минута. Само пет минути подоцна Абуанда си ја погоди сопствената мрежа и Босна дојде до 2-0.
Катарците иако беа во подредена улога и ретко ја поминуваа половината на теренот пред крајот на првото полувреме преку Ал Хајдос намалија на 2-1.
Сепак во вториот дел избраниците на Барбарез не дозволија некакво изненадување, сигурно ја чуваа предноста за на десет минути пред крајот Махмиќ да ги постави конечните 3-1.
Босанците сега се трети во групата и со четири бода најверојатно ќе бидат меѓу најдобрите осум третопласирани селекции за место во следната фаза, но ќе треба да се почекаат и натпреварите од третото коло во останатите групи.
Во натпреварот кој се играше во истиот термин и беше битка за првата позиција во групата Швајцарија беше подобра од Канада со 2-1. Сите голови се постигнаа во вториот дел, прво Варгас и Манзамби донесоа предност на Швајцарците од 2-0, а конечните 2-1 ги постави Давид Промис.
ВИДЕО | Алајбеговиќ против Катар го постигна еден од најубавите голови на Мундијалот


