Владо Бучковски / Фото: Принсткрин

Владо Бучковски е избран за претседател на Универзитетскиот сенат на УКИМ

Професорот Владо Бучковски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ е избран за претседател на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Според објавата на УКИМ на социјалните мрежи, изборот бил направен на денешната конститутивната седница на новиот состав на Универзитетскиот сенат.

Новиот состав на Сенатот е избран за мандатниот период од 1 јули 2026 година до 1 јули 2029 година, додека мандатот на Бучковски како претседател ќе трае една година.

Со конституирањето на новиот состав и донесените одлуки официјално започнува функционирањето на Универзитетскиот сенат, кој во следните три години ќе ги извршува своите надлежности во согласност со законските и статутарните одредби на УКИМ.

Универзитетскиот сенат е еден од клучните органи на Универзитетот и одлучува за прашања поврзани со наставата, научноистражувачката работа, развојот и функционирањето на универзитетската заедница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот