Македон Димитровски / Фото: Фејсбук

Уште еден голем триумф на Македон — може да бира меѓу најдобрите светски универзитети

Македон Димитровски, единаесетгодишниот генијалец од Македонија, продолжува да ја воодушевува јавноста со своите неверојатни интелектуални капацитети и меѓународни успеси. Неговото најново постигнување е на престижниот американски SAT тест – испит кој стандардно служи како приемна основа за запишување на најпрестижните светски универзитети.

​Тој освоил вкупно 1440 поени, од кои 740 поени на делот по математика (Math) и 700 поени на делот по англиски јазик (English).
​По повод овој огромен успех, неговиот татко Владимир Димитровски ја сподели убавата вест.

​„Со голема гордост споделуваме дека Македон постигна извонреден резултат на SAT тестот што е приемен испит за на сите престижни универзитети. ​На свои 11 години доби 1440 поени што е 95% подобро од сите тестирани ученици на 18 години, со што уште еднаш го потврди својот исклучителен потенцијал, а е во топ 3 вкупно ученици од целиот свет што добил ваков резултат на 11 години, а ова го достигна со посветеност и љубов кон знаењето.

Овој успех е резултат на континуирана работа, дисциплина и силна поддршка во процесот на подготовка. Посебна и искрена благодарност упатуваме до менторот Горан Милошовски, чија стручност, посветеност и насоки имаа клучна улога во постигнувањето на овој резултат. ​Со овој успех се отвораат вратите кон најпрестижните универзитети во светот и се поставува цврста основа за понатамошен академски развој. Ова е само почеток на уште поголеми достигнувања што допрва следат“, напиша Владимир Динитровски.

​Македон Димитровски веќе подолг период важи за вистинско „чудо од дете“ во Македонија и пошироко. Неговиот огромен талент и натпросечен коефициент на интелигенција за првпат силно одекнаа во јавноста кога покажа способност за брзо учење на странски јазици, совладување на комплексни математички операции и опширни познавања од области како што се географијата, астрономијата и историјата уште на најрана возраст.

​Тој има освоено бројни златни медали и високи признанија на меѓународни натпревари по математика, каде редовно се натпреварува со врсници, но и со многу постари ученици од целиот свет. Македон е препознатлив по својата исклучителна меморија, логичко размислување и незапирлива љубопитност за науката.

​Овој последен резултат од 1440 бодови на SAT тестот – ранг кој го сместува меѓу најдобрите 3 единаесетгодишници на глобално ниво – е само уште еден цврст доказ дека пред Македон стои блескава академска иднина на некој од светските образовни центри како Харвард, Јеил, МИТ или Стенфорд.

Почнал да чита на две години, а задачи решавал од три: Приказната на младиот гениј Македон Димитровски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот