Илустративна фотографија за апостолки / Фото: Pexels

Ако носите апостолки, може да платите казна од речиси 3000 евра во овој италијански туристички рај

Туристите кои летово ќе го посетат познатиот италијански регион Чинкве Тере би можеле скапо да платат ако на планинарските патеки се појават во апостолки или сандали, пишува „Пипл“.

Управата на Националниот парк Национален парк Чинкве Тере продолжува со строгото спроведување на правилото според кое посетителите мора да носат соодветни обувки за пешачење. За оние што ќе бидат затекнати во апостолки, сандали или друга несоодветна обувка, предвидени се казни до 2.500 евра.

Правилото е воведено уште во 2019 година, откако локалните власти забележале зголемен број несреќи на стрмните и лизгави патеки кои ги поврзуваат живописните крајбрежни населби.

Чикве Тере / Фото: Pexels

Директорот на паркот, Патрицио Скарпелини, тогаш предупреди дека патеките во некои делови наликуваат на вистински планински рути и дека носењето соодветни обувки е неопходно за безбедноста на посетителите.

Освен правилата за обувки, властите воведоа и еднонасочен режим на движење на дел од најпосетуваните патеки со цел да се намали метежот во текот на туристичката сезона. Најпознатата рута меѓу населените места Монтеросо ал Маре и Вернаца на одредени денови функционира како еднонасочна патека во периодот од 9 до 14 часот.

Според управата на паркот, мерките се воведени за да се спречат опасни ситуации на тесните и стрмни делници и да се намали потребата од интервенции на спасувачките служби.

За влез во паркот туристите треба да купат посебна карта за пешачење, чија цена започнува од 10 евра, а во деновите со најголема посетеност достигнува и до 15 евра.

Патот на љубовта: Романтичната пешачка улица во Чинкве Тере е повторно отворена по 12 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот