Миле Јанакиески
Миле Јанакиески /Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Стразбур не ги признава помилувањата на Иванов, но државата треба да им плати по 3.600 евра на Јанакиески и Митровски

Поништувањето на помилувањата што ги донесе поранешниот претседател Ѓорге Иванов во 2016 година било оправдано. Државата имала право да ги поништи помилувањата, бидејќи тие биле без законска основа во политичка криза, но на поранешните функционери Миле Јанакиески и Коста Митровски, поранешен претседател на општинска изборна комисија во Центар, им било прекршено правото на фер судење.

Ваква одлука накратко денеска донел Европскиот суд за човекови права во Стразбур во случајот „Талески и други против Северна Македонија“, односно постапка што ја покренал поранешниот градоначалник на Битола кој беше осуден и одлежа затворска казна за случајот „Транспортер“ кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство.

-„Европскиот суд за човекови права едногласно пресуди дека: немало повреда на член 6 став 1 (право на фер судење) од Европската конвенција за човекови права поради законодавната интервенција со која се дозволи поништување на претседателските помилувања и продолжување на кривичната постапка против подносителите на барањето“, пишува во одлуката.

Миле Јанакиески стана сопственик на градежна инвестициска групација

Според Судот, јавниот интерес – односно одговорноста на функционерите и владеењето на правото – бил поважен од принципот на правна сигурност.  Но, Судот одлучил дека било прекршено правото на фер судење за Јанакиески и Митровски и на државата ѝ наложи да им исплати по 3.600 евра на двајцата.

„Иако подносителите на барањето подоцна поднеле барања за вонредно преиспитување до Врховниот суд, тој преглед бил ограничен по обем и не ги опфаќал сите прашања покренати во поднесоците на обвинителот пред Апелациониот суд, со што одредени прашања биле конечно решени во жалбената постапка и не можеле повторно да се разгледаат од страна на Врховниот суд. Единствениот можен начин за отстранување на недостатоците во жалбената постапка во таква ситуација би бил Врховниот суд да ја поништи жалбената пресуда и да го врати предметот на Апелациониот суд. Со тоа што не го стори тоа, Врховниот суд не успеа да го исправи прекршувањето на правото на апликантите на контрадикторна постапка. Затоа, имало прекршување на член 6 став 1 во однос на правото на г-дин Јанакиески и г-дин Митровски на фер судење“, стои во одлуката.

Случајот произлегува од масовните помилувања што ги даде тогашниот претседател во 2016 година за функционери поврзани со аферата со прислушување. Подоцна, со закон тие беа поништени, по што продолжија кривичните постапки. Во 2023 година, Европскиот суд за човекови права донесе одлука дека апликациите на осудените и обвинетите од предметите што ги отвори СЈО, а кои поранешниот претседател Иванов ги помилува, се недопуштени.

За Владата одлуката од Стразбур е во корист на државата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот