Еквадор и Курасао урнаа мундијалски рекорд стар 48 години
Ремито без голови меѓу Еквадор и Курасао ќе остане запаметено со години меѓу љубителите на фудбалот.
Препорачано
Според податоците на познатиот статистичар „МистерЧип“, Еквадор и Курасао поставија нов рекорд на Светските првенства по бројот на удари во рамките на голот на натпревар што завршил со резултат 0:0.
‼️ ALL-TIME RECORD ‼️
Ecuador and Curaçao set the most shots on target between both teams in the entire history of the World Cup in a goalless match: 18 (15 by Ecuador, 3 by Curaçao). The previous record was 14 (Netherlands 0-0 Peru at Argentina 1978).
— MisterChip (English) (@MisterChiping) June 21, 2026
Двете репрезентации заедно упатија дури 18 удари во рамките на голот. Еквадор имаше 15, а Курасао три.
Такво нешто никогаш претходно не било забележано на Светските првенства.
Досегашниот рекорд го држеа Холандија и Перу од 1978 година. И нивниот натпревар завршил без голови, а тогаш биле регистрирани вкупно 14 удари во рамките на голот.
Новиот рекорд го надмина тој учинок за дури четири удари.
Најголемите заслуги за историската вечер им припаѓаат на голманите, а особено на херојот на Курасао, Елој Рум.
Еквадор во текот на целиот натпревар напаѓаше, создаваше шанси и постојано се закануваше, но Рум одбрани сè што одеше кон неговиот гол. На крајот токму тој стана симбол на едно од најголемите изненадувања во досегашниот тек на првенството.
Интересно е што рекордот беше поставен на натпревар кој имаше сосема различно значење за двете репрезентации.
Додека Курасао го слави првиот бод во својата историја на Светските првенства, во Еквадор ремито се доживува како голем кикс што може да ја искомплицира борбата за пласман во следната фаза.
Сепак, без оглед на конечниот расплет, натпреварот на кој не беше постигнат ниту еден гол веќе си обезбеди место во историските книги на Мундијалите.
ВИДЕО | Навивачите на Иран против Белгија ја исвиркуваа сопствената химна


