Аргентина/EPA/JEFFREY MCWHORTER

ВИДЕО | Meси го симна Клосе од тронот и ја одведе Аргентина во нокаут фазата

Аргентина ја оправда фаворитската улога и со минимална победа од 2:0 над Австрија обезбеди пласман во нокаут-фазата на Светското првенство.

Главна фигура во редовите на „гаучосите“ повторно беше Лионел Меси, кој уште еднаш покажа зошто е еден од најголемите во историјата на фудбалот.

Аргентинскиот капитен имаше можност рано да го отвори резултатот, но во деветтата минута не успеа да реализира пенал, откако Лаутаро Мартинез избори најстрога казна. Сепак, Меси не дозволи тоа да го поколеба и продолжи да биде најголемата опасност за противничкиот гол.

Наградата за неговата игра пристигна во 38. минута кога по одличната асистенција на Медина ја затресе мрежата на Австријците и постигна погодок кој ќе остане запишан во историјата. Со овој гол, Меси стана осамен рекордер на вечната листа стрелци на светските првенства со 17 погодоци, оставајќи го зад себе легендарниот Мирослав Клосе, кој кариерата ја заврши со 16 голови.

Во продолжението Аргентина сигурно ја чуваше предноста, а Меси во последните моменти со петтиот гол на овој Мундијал и 18-ти вкупно го постави конечниот резултат.

Во последното коло од групната фаза Аргентинците ќе се соочат со Јордан во натпревар без резултатско значење, додека Австрија ќе бара пласман понатаму во директен дуел со Алжир.

ВИДЕО | Гол за историја во Далас: Меси е најдобар стрелец во историјата на Мундијалите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот