Фото: илустрација / Фејсбук / Мој Београд

Крвава кавга во Србија – син пукал во родителите, па ја исекол мајка си со мачета и ја клоцал

Маж од Србија во саботата пукал во своите родители и ја нападнал мајка си со мачета за време на семејна расправија, пренесува „Блиц“.

Според медиумските извештаи, осомничениот Зоран С. прво пукал во татко си, потоа ја ранил мајка си, а по вториот истрел пиштолот му се заглавил.

Потоа зел мачета, се стрчал кон мајка си и ја исекол. Таа паднала на земја, а тој продолжил да ја клоца, по што избегал.

Како што сведочат соседите, на настанот ѝ претходела жестока вербална расправија во семејниот дом во градот Петровац на Млави. Во налет на бес, Зоран С. извадил огнено оружје и испукал повеќе куршуми кон татко му и кон мајка му.

Куршумот го промашил таткото, но мајката била тешко повредена. Таа итно била пренесена во болница, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.

Пиштолот со кој Зоран С. пукал во своите родители сè уште не е пронајден.

Хорор во Србија: Син со секира ги нападнал родителите, таткото завршил во кома

„Викаше дека ќе ги убие и нив и себеси“

Според сведоштвата на соседите, од семејната куќа се слушале силни расправии, а веднаш потоа и истрели.

По нападот, Зоран С. избегал, а неговите пријатели, како што тврдат, мислеле дека се сокрил за да си го одземе животот.

„Кога полицијата не го пронајде на местото на нападот, а бидејќи подолго време зборуваше дека ќе се самоубие, а непосредно пред пукањето велеше дека ќе ги ‘убие и нив и себеси’, мислевме дека навистина ќе го направи тоа“, изјавиле негови пријатели.

Сепак, Зоран С. по неполни три часа сам ѝ се предал на полицијата, по што бил сослушан во врска со случајот.

Уапсен маж од кичевско, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот