Алиреза Бејранванд/EPA/CHRIS TORRES

Неговиот татко му ја уништувал опремата за да го откаже од фудбалот, живеел како бездомник, а сега беше херој на Иран

Иранскиот голман Алиреза Бејранванд е главниот херој на репрезентацијата на Иран на Светското првенство, откако и синоќа блесна во ремито против фаворизираната Белгија (0:0).

Она што го издвојува овој 33-годишен чувар на мрежата од повеќето  фудбалери е неговата необична и инспиративна животна приказна, која претставува вистински пример за спортска и човечка истрајност.

Бејранванд пораснал во номадско семејство во иранската провинција Лорестан, каде од најрана возраст бил вклучен во тешки физички работи и чување овци. Љубовта кон фудбалот ја покажувал уште како дете, но тоа често било извор на несогласувања со неговиот татко, кој сметал дека фудбалот не е сигурна иднина. Поради тоа, во повеќе наврати му ја уништувал спортската опрема и се обидувал да го одврати од тренинзи.

Она по што Бејранванд најмногу го привлекува вниманието на Светското првенство се неговите неверојатни исфрлања на топката со рака, а таа вештина корените ги влече уште од детството.

Тој претходно открил дека како дете со пријателите играл локална игра наречена „дал паран“, која се заснова на натпреварување во фрлање камења на што е можно поголема далечина. Токму преку оваа игра, несвесно развил исклучителна сила во рамениот појас, поради што денес со леснотија ја фрла топката преку половина терен и директно ги проигрува напаѓачите.

Решен да го оствари својот сон, Бејранванд во младоста донел голема одлука, позајмил пари за билет и заминал во Техеран. Бидејќи во главниот град пристигнал без средства за живот, со месеци живеел како бездомник, спиејќи пред клупските простории каде се обидувал да добие проба. За да преживее, работел различни физички работи, меѓу кои во фабрика за облека, автоперална, пицерија, а извесно време бил и ноќен чистач на улици.

Пресвртот во неговиот живот се случил кога тренерите на клубот Нафт Техеран го забележале неговиот потенцијал и висина. Од тој момент неговата кариера почнала нагло да се развива, што набрзо го довело и до статус прв голман на репрезентацијата на Иран.

Широката светска јавност го запозна на Светското првенство во 2018 година, кога на натпреварот против Португалија одбрани пенал на Кристијано Роналдо. Тоа беше момент што симболично ја заокружи неговата животна приказна, од момче што спиело на улиците на Техеран до голман што на најголемата сцена запре едни од најдобрите фудбалери во историјата.

Синоќа повторно ја воодушеви иранската јавност со импресивни одбрани на натпреварот против Белгија, кога ги запре ударите на Де Брујне, Лукаку и останатите и донесе нов бод за својот тим, кој го доближува до пласман во нокаут-фазата.

ВИДЕО | Контроверзна изјава на Раде Богдановиќ: Црнците по 60 минути на теренот веќе немаат концентрација

ФОТО | Иранците оставија емотивна порака во Лос Анџелес: Нека преовладува мирот и почитта меѓу сите народи

Составот на Иран вчера беше највозрасниот во историјата на Мундијалите

ВИДЕО | Нова сензација на Мундијалот: Зеленортски Острови освоија бод и против Уругвај

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот