Иран/ EPA/CHRISTOPHER TORRES

Составот на Иран вчера беше највозрасниот во историјата на Мундијалите

Од Светското првенство вечерва пристигна интересен податок, откако селекторот на Иран, Амир Галеноеи, повлече потег со кој неговата репрезентација влезе во историјата на Мундијалите.

Во почетниот состав на Иран се најдоа неколку искусни ветерани, меѓу кои капитенот Ехсан Хајсафи (36 години), дефанзивецот Шоја Калилзадех (37), бекот Рамин Резаијан (36) и најголемата ѕвезда на тимот, напаѓачот Мехди Тареми (33).

Токму оваа генерација искусни фудбалери успеа да урне долгогодишен рекорд и официјално да се запише во историјата на Светските првенства како највозрасен тим што некогаш истрчал на терен во еден мундијалски натпревар.

Почетниот состав на Иран го сочинуваа: Беиранванд, Хајсафи, Немати, Калилзадех, Канаани, Хардани, Мохеби, Езатолахи, Годос, Резаијан и Тареми.

На крајот со овој состав Иранците не загубија и ремизираа против фаворизираната Белгија 0:0.

Досегашниот рекорд го држеше Германија, која на Светското првенство во 1998 година настапи со почетен состав чија просечна возраст изнесуваше 31,9 години, додека вчерашниот состав на Иран беше со просечна стартост од 32.5 години.

ВИДЕО | Белгија си го „комплицира“ пласманот во нокаут-фазата, одигра реми и со Иран

ВИДЕО | Нова сензација на Мундијалот: Зеленортски Острови освоија бод и против Уругвај

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот