Јамал меѓу најмладите стрелци во историјата на светските првенства
На Ламин Јамал му беа потребни само 10 минути за да го постигне својот прв гол во кариерата на светските првенства. Тој ја почна гол серијата на шпанската фудбалска репрезентација во убедливата победа над Саудиска Арабија од 4:0 на Светското првенство 2026.
Препорачано
Фудбалерот на Барселона не играше на првиот натпревар во ремито (0:0) против Зеленортски Острови, но веќе во вториот меч на Мундијалот покажа колку е опасен за противниците.
Покрај тоа што ѝ донесе водство на „Фуријата“ и го постигна својот прв гол на Светското првенство, Јамал сега се искачи и на врвот на листата на најмлади стрелци на најголемиот турнир во историјата.
Со 18 години и 343 дена, Јамал е осмиот најмлад стрелец на Светското првенство.
Пред него се легендарниот Пеле (кој го постигна својот прв гол на 17 години и 239 дена), Мексиканецот Мануел Росас (18 години и 93 дена), клупскиот и репрезентативен колега на Јамал, Гави (18 години и 110 дена), Ибрахим Мбаје (18 години и 143 дена) Мајкл Овен (18 години и 190 дена), Романецот Николае Ковач (18 години и 197 дена) и Русинот Дмитриј Сичев (18 години и 231 ден).
За потсетување, Јамал е најмладиот стрелец во историјата на европските првенства – имаше само 16 години и 362 дена кога постигна гол на континенталното првенство пред две години.


