Бруклин, Викторија и Дејвид Бекам / Фото: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

Откриена сумата за која Бруклин Бекам ги „продаде“ родителите снимајќи реклама во која го исмева нивниот однос

Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин Бекам, наводно добил вртоглави милион долари за својата најнова реклама за достава на храна. Оваа информација доаѓа откако тој се најде на мета на жестоки критики во јавноста дека бесрамно ја наплати рекламата со која ги исмеа родителите. Семејството Бекам и понатаму се наоѓа среде конфликт, а Бруклин неодамна беше обвинет дека ги предал своите најблиски за огромна сума пари по објавувањето на рекламната кампања во два дела, пишува „Пејџ сикс“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynpeltzbeckham

Милион долари за спорната реклама

Само пет месеци откако јавно изјави дека тој и неговата сопруга Никола Пелц сакаат приватност, Бруклин се соочи со гнев од обожавателите кои го нарекоа „безвреден“ поради соработката со компанијата за достава на храна. Сега е откриено дека за оваа кампања навистина добил милионска сума.

„Сè што му носи пари е добр, тоа покажува дека неговиот бренд е присутен и дека цвета“, изјавил извор близок до него, наведувајќи дека за кампањата е платен „најмалку милион долари“.

Бруклин Бекам – Фото: EPA/ETIENNE LAURENT

Сепак, семејството Бекам наводно воопшто не било импресионирано од овој потег.

„Бруклин тврди дека сака мир и приватност и дека нема никаква врска со семејството – а сега се обидува да заработи пари од сето тоа“, открил добро упатен извор за „Пејц Сикс“.

Во промотивното видео објавено во понеделникот, Бруклин со насмевка вели:

„Веројатно се прашувате зошто го гледам Светското првенство во фудбал 2026 година од дома … Тоа е долга приказна“. Многумина ова го сфатија како директно исмевање на неговите родители со кои веќе не зборува, а пријателите на Дејвид и Викторија изјавија дека тие двајца се „скршени и неутешни“ поради ваквиот потег.

Харпер Бекам / Фото: Stephen Lock / i-Images / Eyevine / Profimedia

Ескалација на семејниот конфликт

Втората, подолга верзија на рекламата беше објавена во средата, предизвикувајќи уште поостри реакции. Рекламата на Бруклин беше темпирана точно за време на Светското првенство, а беше објавена само неколку дена откако Бекамови ги демантираа тврдењата на тимот на Бруклин дека неодамнешната посета на неговата сестра Харпер во неговиот дом на Беверли Хилс била „кореографирана“.

Харпер, која престојувала во САД за да го гледа својот татко Дејвид како ја прима ѕвездата на холивудската Патека на славните, била видена како доаѓа пред домот на Бруклин за да му достави писмо, но нејзиниот брат тогаш не бил дома. Претставникот на Бруклин и Никола ги обвини Бекамови за евтин медиумски трик:

„Фактот што фотографите беа присутни кога писмото беше предадено зборува сè, ова беше наместено за камерите“.

Дејвид и Викторија Бекам со семејството во Париз / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Извор близок до семејството Бекам веднаш возврати на обвинувањата:

„Неверојатно е тажно што ова грозно обвинување се изнесува на сметка на едно невино младо девојче на кое очајно ѝ недостига нејзиниот брат. Навистина беше непотребно да се измислува ваква гнасна лага“.

Конфликтот тлее веќе подолго време, а на почетокот на годината Бруклин објави остро соопштение на шест страници во кое го обвини своето семејство дека ја цени „јавната промоција и поддршката над сè друго“, тврдејќи дека неговите родители се обични „перформери“.

ВИДЕО | Дали Бруклин Бекам го „продаде“ семејството за „ситни“ пари? Најавено е продолжение на провокациите

ВИДЕО | „Шокантно е“ — сите зборуваат за рекламата во која Бруклин Бекам им се потсмева на Викторија и Дејвид 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот