Трамп: Ако Иран не ги запре веднаш своите сојузници во Либан, ќе го удриме многу силно
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека повторно ќе го нападне Иран „многу силно“ ако Техеран не ги спречи своите сојузници во Либан. Трамп се осврна на Хезболах, проиранската паравоена група која со месеци разменува оган со Израел.
Препорачано
„Иран мора веднаш да ги спречи своите високо платени сојузници во Либан да предизвикуваат проблеми. Ако не го сторат тоа, ние повторно ќе го удриме Иран многу силно, исто како што направивме минатата недела, само посилно!!!“ напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Иран: Ционистичкиот режим продолжува да ги крши своите обврски
Иран објави дека ситуацијата во Либан, каде што израелската армија спроведува речиси секојдневни напади врз Хезболах, ќе биде главна тема на денешните преговори со САД во Швајцарија.
Џеј Ди Венс пристигна во Швајцарија — денеска се одржуваат мировните разговори меѓу Иран и Америка
„Ционистичкиот режим продолжува да ги крши своите обврски кон Либан. Тоа прашање ќе биде главна тема на денешната дискусија. Прекинот на непријателствата во Либан е клучен за Иран“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаи.
Тој додаде дека ќе разговараат и за прашањето за одмрзнување на иранските средства и продажбата на нафта.
Израел: Остануваме во Либан
Израел тврди дека нема ограничувања за неговите сили при „елиминирање на заканите“ во Либан.
Министерот за одбрана на Израел изјави дека војниците можат да дејствуваат „без никакви ограничувања“ за да ги „отстранат заканите“ во Либан, потврдувајќи дека ќе останат во делот од територијата што ја зазедоа на југ, што Израел ја нарекува „безбедносна зона“.
Техеран: Либан ќе биде главна тема на разговорите со Америка
„Никогаш немало и во моментов нема ограничувања што би ги спречиле војниците да дејствуваат за да ги елиминираат заканите во Либан. Израел нема да се повлече од безбедносната зона во Либан“, тврди Израел Кац.
Министерот го изјави ова откако Иран предупреди дека нема да влезе во „фазата на преговори за конечен договор“ со Вашингтон доколку не завршат непријателствата во Либан, каде што Израел вети дека ќе го победи проиранскиот Хезболах.


