Фото: Wrestling Spartak Kocani

ВИДЕО | Борачот на Спартак Кочани, Никола Пешев, со сребрен медал на турнирот во Пловдив

Спартак Кочани настапи на меѓународниот турнир во борење во Пловдив, Бугарија, со тројца натпреварувачи – Давид Златков, Максим Арсов и Никола Пешев.

Во силна конкуренција од над 320 борачи од Грција, Бугарија, Молдавија, Турција и Македонија, борачите на Спартак Кочани достојно го претставија клубот и државата.

Клубот упатува посебни честитки до Никола Пешев, кој со одлични борби и голема борбеност го освои второто место во својата категорија.

– Горди сме на сите наши натпреварувачи за покажаното срце, дисциплина и спортски дух. Ова е уште една потврда дека трудот, посветеноста и упорноста носат резултати – стои во објавата на клубот.

Фото: Wrestling Spartak Kocani
Фото: Wrestling Spartak Kocani

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот