Одбојкарите со пораз од Израел го завршија настапот во Европската лига
Одбојкарската репрезентација на Македонија го заврши својот настап во Европската лига откако вечерва во Приштина загуби од Израел со 0-3 (19-25, 19-25, 14-25).
Препорачано
Израелците се без пораз во досегашниот дел од натпреварувањето на ЦЕВ, а денеска воопшто не им дадоа шанса на нашите одбојкари да се надеваат на победа. Во ниту еден од трите сета, Македонија не стигна ни до 20 освоени поени што најдобро зборува за доминацијата на противникот.
Првите два сета беа речиси идентични, до втората половина македонската репрезентација беше рамноправна, а потоа Израел додаваше гас и создаваше недостижна предност. Во третиот неизвесноста траеше до 10-9 бидејќи Израел потоа направи 6-1 и мирно го приведе мечот кон крај.
Никола Ѓоргиев повторно беше најдобар играч во македонската репрезентација, со 15 поени, а нашиот национален одбојкарски тим со биланс 3/3 ќе го заврши настапот во Европската лига во долниот дел од табелата.дд
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
42мин
-
2час
-
3час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


