Австралија/EPA/BOB FRID

На Мундијалот ќе се одигра натпревар кој со реми ги води двете репрезентации во нокаут фаза

По завршувањето на натпреварите од второто коло во групата Д добивме една многу интересна ситуација.

Победник на групата се Соединетите Американски Држави, Турција сигурно е последна, додека за второто и третото место ќе одлучува меѓусебниот дуел меѓу Австралија и Парагвај.

Австралија и Парагвај моментално имаат по три бода, што значи дека екипата што ќе победи ќе го освои второто место, а поразената ќе заврши на третото место.
Но, екипата што ќе загуби најверојатно ќе остане без пласман во нокаут фазата, бидејќи е речиси невозможно со три бода да биде меѓу осумте најдобри третопласирани селекции, додека со четири бода пласманот понатаму е 99 проценти обезбеден.

Тоа во пракса значи дека нерешен резултат во нивниот дуел во Санта Клара во петок 4:00 ќе ги одведе двете репрезентации во нокаут фазата на натпреварувањето.

Во случај на реми, Австралија би ја завршила групата на второто, а Парагвај на третото место и од тие позиции би продолжиле во шеснаесетфиналето.

Screenshot

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот