фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Готово: Касемиро има нов клуб

Бразилскиот репрезентативец Касемиро е пред нов предизвик во кариерата, откако постигнал целосен договор за преселба во Интер Мајами по заминувањето од Манчестер јунајтед како слободен играч.

Според информациите, сите детали меѓу двете страни веќе се договорени и останува само формалното потпишување на документацијата пред трансферот да биде официјално објавен.

Мајами беше во потрага по искусен играч за средниот ред по заминувањето на Серхио Бускетс, а изборот паднал токму на Касемиро, кој со своето богато искуство и бројните трофеи треба да донесе дополнителен квалитет и стабилност во тимот.

Со овој потег, составот на клубот чиј сопственик е Дејвид Бекам добива уште едно звучно засилување, додека Касемиро ќе има можност кариерата да ја продолжи во американскиот шампионат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот