Арда Ѓулер/EPA-EFE/J.P. GANDUL

Ѓулер по шокантната елиминација на Турција: Сакам што побрзо да заборавам

Репрезентацијата на Турција доживеа големо разочарување на Светското првенство, откако беше елиминирана уште по првите два натпревари во групната фаза. И покрај тоа што во составот има фудбалери од најголемите европски клубови, Турците не успеаја да ги оправдаат очекувањата и турнирот го завршија без постигнат гол.

По поразот од Парагвај, најголемата ѕвезда на тимот, Арда Ѓулер не го криеше разочарувањето и призна дека настапот на неговата селекција бил далеку под потребното ниво.

„Им се извинуваме на навивачите, навистина сме засрамени од тоа што го прикажавме. Сите доаѓаме од врвни клубови и требаше да покажеме многу повеќе на ова натпреварување“, порача младиот фудбалер.

Ѓулер потенцираше дека е недозволиво репрезентација со таков квалитет да остане без ниту еден погодок на два натпревари, додавајќи дека токму неефикасноста била главната причина за неуспехот.

Тој ги демантираше и шпекулациите за евентуални проблеми во соблекувалната, нагласувајќи дека атмосферата во тимот била добра и дека единствениот проблем бил недостатокот на реализација пред противничкиот гол.

„Ќе направам сѐ што е во моја моќ ова Светско првенство што побрзо да остане зад мене“, изјави Ѓулер по елиминацијата на Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот