ВИДЕО | Парагвај победи и со играч помалку, крај на Мундијалот за Турција
Турција доживеа големо разочарување и со пораз 1-0 од Парагвај изминатата вечер се прости од Мундијалот.
Препорачано
Натпреварот беше решен уште во првата минута, кога Галарза по само 64 секунди игра испрати одличен удар од далечина и ја затресе мрежата на турскиот гол. По раното водство, Парагвај целосно се насочи кон одбраната и успеа да го зачува резултатот до самиот крај.
Дополнителни проблеми за Парагвај се појавија во судиското надополнување на првото полувреме, кога Алмирон доби директен црвен картон поради прекршување на новото правило за прикривање на устата при комуникација на теренот.
Иако целото второ полувреме играа со фудбалер помалку, Парагвајците успешно се спротивставија на налетите на Турција. Статистиката беше целосно на страната на турската селекција, која имаше 78 проценти посед на топката и дури 32 удари кон противничкиот гол, но само пет од нив завршија во рамките на голот.
По две одиграни кола, САД се лидери во групата со максимални шест бодови, додека Австралија и Парагвај имаат по три. Турција останува без освоен бод и ги загуби сите шанси за пласман понатаму, па дуелот со Американците во последното коло ќе биде без резултатско значење.


