Џејмс Бароуз / Фото: EPA/NINA PROMMER

Почина телевизиската легенда Џејмс Бароуз, еден од највлијателните режисери и продуценти на сите времиња

Џејмс Бароуз, еден од највлијателните и најплодните телевизиски режисери и продуценти на сите времиња, почина на 85-годишна возраст, јавија американските медиуми. Веста за неговата смрт ја потврди неговиот адвокат Том Хоберман, соопштувајќи дека славниот творец заминал мирно. Причината за смртта засега не е објавена.

Бароуз беше клучна фигура зад култниот ситком „Кафулето На здравје“, а длабок белег остави и во „Пријатели“, „Такси“, „Фрејзер“, „Теоријата на Големата експлозија“, „Два и пол мажи“ и „Вил и Грејс“ – ги режираше сите епизоди од оригиналната серија, како и во .

Роден е во Калифорнија, а израснал во Њујорк, каде што ги направил првите чекори во театарот. Бароуз ја започнал својата холивудска приказна режирајќи епизоди за „Шоуто на Мери Тајлер Мур“. Со тоа почнала кариерата која траеше повеќе од пет децении, во кои тој режираше рекордни преку 1.000 телевизиски епизоди.

Голем хуманист зад камерите и неочекуван актер

Интересно е што Бароуз повремено сакаше и да се појави пред камерите, па социјалните мрежи веќе потсетуваат на неговите куси улоги во првата сезона на „Пријатели“, како и во серијата „Враќање“. Во едно од своите последни интервјуа, тој рече дека најважната работа во неговата кариера била „секогаш да им донесе смеа на луѓето“.

За својот извонреден труд, тој освои дури 11 награди „Еми“, последната во 2020 година, а во периодот од 1980 до 1996 година беше номиниран буквално секоја година. Бароуз зад себе ја остави сопругата Деби Истон, позната холивудска стилистка која го инспирираше да ги напише своите мемоари, како и четирите ќерки, од кои едната е од претходниот брак на неговата сопруга.

ВИДЕО | На денешен ден пред 22 години — над 50 милиони луѓе ја гледаа последната епизода од култната серија „Пријатели“

ВИДЕО | Дали „Пријателките“ повторно ќе се обединат? – Анистон и Кудроу размислуваат за нова хумористична серија со Кокс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот