Кралот Фелипе и принцезата Леонор - Фото: SMITH / Sipa Press / Profimedia

ВИДЕО | Историски момент за Шпанија – кралот Фелипе и принцезата Леонор летаа рамо до рамо со воени авиони

Шпанското кралско семејство објави спектакуларни и досега невидени фотографии на кои кралот Фелипе Шести и неговата ќерка, принцезата Леонор, управуваат со посебни воени авиони од типот „Pilatus PC-21“. Ова е првпат во историјата на монархијата кралот и идниот шеф на државата да изведат заедничка ваква вежба на небото над Мурсија, пишува „Хола“.

Леонор моментално ја завршува третата и последна фаза од својата воена обука во Генералната воздушна академија. Пред полетувањето, токму младата принцеза покажа исклучителна професионалност водејќи го официјалниот брифинг и објаснувајќи му го планот за летот на својот татко.

„Таткото и ќерката летаа над брегот на Ла Манга дел Мар Менор, што е еден од омилените предели на принцезата. По слетувањето, тие го прекршија строгиот воен протокол и емотивно се прегрнаа во хангарот, каде што кралот Фелипе не ја криеше гордоста од успехот на својата наследничка“, пренесуваат медиумите.

Прва жена падобранец во кралското семејство

Покрај тоа што веќе управува со авиони, Леонор неодамна влезе во историјата како прв член на шпанското кралско семејство со официјална диплома за падобранец, изведувајќи успешни скокови од височина од 400 метри во дневни и ноќни услови.

Веднаш по завршувањето на воената обврска, идната кралица на Шпанија ќе ги продолжи своите студии по Политички науки на Универзитетот „Карлос Трети“ во Мадрид, што ќе ги комбинира со своите официјални државнички должности.

Новото поглавје во животот на принцезата Леонор ѝ измами солзи на кралицата Летиција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот