Принцеза Леонор / Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

ВИДЕО | Сцена како од „Топ ган“: Шпанската принцеза Леонор сама леташе со борбен авион

За првпат по неколку недели обука на симулатор, принцезата Леонор од Шпанија леташе сама со борбен авион, пренесуваат странските медиуми.

20-годишната Леонор, принцеза од Астурија и наследничка на шпанскиот престол, студира во воздухопловните сили во последните неколку месеци, а веќе го завршила своето образование на Општата воена академија во Сарагоса и на Морнаричката академија во Марин.

Леонор успешно го заврши својот прв лет во кабината на Пилатус PC-21 и беше пречекана на земја со аплауз од нејзините придружници.

Принцезата од Астурија ја продолжува својата воена обука, следејќи ги стапките на својот татко, кралот Фелипе, и нејзиниот дедо, Хуан Карлос.

Леонор се смета за личноста која ја обнови популарноста на шпанската монархија, постепено преземајќи сè поактивна институционална улога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот