Нова трагедија во Албанија — две девојчиња се удавија во Јадранот
Уште една голема трагедија се случила денеска на плажата Тале во близина на градот Леж (Леска) во Албанија, на Јадранското Море — се удавија две девојчиња на возраст од 9 и 11 години, јавија албанските медиуми.
Препорачано
Според прелиминарните информации, жртвите, Јонида Дајљани (9 години) и Адељајда Миша (11 години) биле во дел од плажата на кој немало спасувачи ниту надзор. Тие влегле во водата и се претпоставува дека биле повлечени од морските струи и не можеле да испливаат.
Телата на девојчињата биле извлечени од морето и пренесени во болницата во Леж.
Полицијата извршила увид и ги истражува причините за трагедијата и околностите кои довеле до неа.
Пред две недели, двајца млади луѓе, туристи од Косово, се удавија во блиското одморалиште Шенѓин, кога ги повлекле бранови кај плажата Рана е Хедун.
Ужасна вест од Халкидики: жена од Македонија се удави во Егејското Море
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
21мин
-
45мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


