Фото: EPA/ANNA SZILAGYI

Мароканскиот репрезентативец Ашраф Хакими ќе биде суден за силување

Ашраф Хакими кој настапува со фудбалската репрезентација на Мароо на Светското првенство ќе биде суден за силување, одлучи Апелацискиот суд во Париз, пренесува „Франс 24“.

Капитенот на мароканскиот тим првпат беше обвинет за силување во 2023 година, од тогаш 24-годишна жена.

Во февруари оваа година, истражен судија пресуди дека Хакими ќе се соочи со судење по препораките на јавните обвинители. Датумот на судењето сè уште не е објавен.

Десниот бек на францускиот фудбалски клуб ПСЖ поднесе жалба на одлуката, но денес таа жалба беше поништена, отворајќи го патот за Хакими да биде суден на кривичен суд.

Хакими на социјалните мрежи напиша дека неговиот случај ќе беше отфрлен доколку не беше познат и дека понекогаш се чувствувал како да станал „лесна цел“. Тој вели дека случајот е штетен не само за него, туку и за неговото семејство и „пред сè, за вистината“.

– Со години избирав да молчам. Верував дека достоинството, трпението и довербата во правосудниот систем ќе овозможат да се донесат правилни одлуки. Чекам на ова судење од првиот ден. А сега нетрпеливо го чекам. Конечно, ќе можам да зборувам – рече Хакими.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот