Асим Мадибо, фудбалерот кој треба да го избегнувате — го памети и Нејмар
Канада го декласираше Катар со 6:0 во вториот натпревар од групата Б и си го отвори патот кон второто коло на Светското првенство, но дури и ако се пласира понатаму, повеќе нема да може да смета на фудбалерот од средниот ред, Исмаел Коне, кому Асим Мадибо му ја скрши ногата.
Препорачано
Фудбалерот на Катар стартуваше одзади на потпорната нога на Исмаел Коне и му нанесе тешка повреда, поради која за него Мундијалот е завршен. Можеби ќе биде завршен и за Мадибо, бидејќи доби црвен картон. Сепак, дури по интервенција на ВАР, бидејќи на судијата на теренот тој старт првично му изгледаше само за жолт картон.
Канаѓаните остро го осудија фудбалерот на Катар поради ваквиот старт, а тој во солзи го напушти теренот.
Меѓутоа, педантните фудбалски хроничари открија дека Асим Мадибо има историја на нанесување потешки повреди на противнички играчи. Ова не е првпат некој да настрада поради него. Како што беше откриено, играчот од средниот ред на катарската репрезентација во 2019 година на пријателски натпревар против Бразил го повреди Нејмар.
Тогаш Мадибо му нагази на скочниот зглоб на креативниот напаѓач на Бразил и му нанесе таква повреда што Нејмар мораше да го пропушти целото издание на Копа Америка.
За среќа на Бразил, репрезентацијата одигра одличен турнир и го освои трофејот пред домашна публика и без својата најголема ѕвезда, „кариоките“ славеа над Аргентина во полуфиналето и над Перу во финалето.
Асим Мадибо, значи, е фудбалер кого треба да го избегнувате на теренот.
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Страшната повреда на Коне го засени триумфот на Канада


