Фото: EPA/GREG M. COOPER

Селекторот на Хаити: Немаме што да изгубиме против Бразил, можеме само да добиеме

Селекторот на фудбалската репрезентација Хаити, Себастијан Мињ, пред натпреварот против Бразил (20 јуни, 02.30 часот) изјави дека неговиот тим нема што да изгуби и може само да добие од судирот со петкратните светски шампиони, кој ќе се игра во Филаделфија.

– Мојата порака до играчите е едноставна: „трчај, трчај, трчај!“ Многу други тимови би сакале да бидат на наше место, па затоа имаме среќа. Неверојатно е што утре ќе играме против еден од најдобрите тимови во светот. Но, го заслуживме нашето место тука. Точно е дека немаме меѓународно искуство како другите тимови, но мора да го пронајдеме вистинскиот пристап кон играта – рече селекторот на Хаити.

Хаити го започна своето учество на Светското првенство со тесен пораз од 1:0 против Шкотска, додека Бразил ремизираше 1:1 со Мароко во нивниот прв натпревар во рамките од групата Ц.

– Многу е важно како ќе го започнеме натпреварот. Сакам да видам дека сите се подготвени да ги исполнат целите што си ги поставивме“ – вели Мињ.

Претходно на полноќ (00.00 часот) по македонско време, Шкотска ќе игра против селекцијата на Мароко.

Нејмар ќе го пропушти и вториот меч на Бразил на Светското првенство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот