Нејмар ќе го пропушти и вториот меч на Бразил на Светското првенство
Бразилскиот напаѓач Нејмар ќе го пропушти и вториот натпревар на својата репрезентација на Светското првенство бидејќи и натаму не се опоравил од повредата, објави денес Бразилската фудбалска конфедерација.
Препорачано
Селекторот на Бразилците, Карло Анчелоти, нема да може да смета на напаѓачот на натпреварот против Хаити.
Овој меч ќе се игра во ноќта меѓу петок и сабота (02.30 часот) во Филаделфија, САД.
Бразилската фудбалска конфедерација соопшти дека напаѓачот на Сантос нема да патува со тимот во Филаделфија.
Лекарите проценија дека неговиот настап на следниот натпревар е сè уште преран.
Бразилскиот напаѓач сè уште не тренира со остатокот од тимот, но прави индивидуални вежби со кондициски тренер и топка.
По првото коло во групата Ц, Шкотска е првопласирана со три бода, по еден имаат Мароко и Бразил, а ниту еден на Хаити.
🚨 OFFICIAL: Neymar Jr to miss Brazil game against Haiti, out of Ancelotti’s squad. 🇧🇷
No risks taken as Ney Jr returned fo full team training only 24 hours ago, building his best condition. pic.twitter.com/FGX5shCSBb
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 18, 2026


