Фото: EPA/WILL OLIVER

Ван дер Варт им се извинува на Јапонците: Немав расистички намери

Поранешниот холандски репрезентативец, Рафаел ван дер Варт, се најде на удар откако даде контроверзни коментари за време на натпреварот од Светското фудбалско првенство помеѓу репрезентациите на Холандија и Јапонија што заврши реми (2-2), а потоа јавно се извини за своите коментари.

Ван дер Варт, кој го следеше натпреварот како телевизиски коментатор, се обиде да објасни како јапонскиот репрезентативец Даичи Камада успеа да избега од холандската одбрана и да го постигне израмнувачкиот гол.

Тој рече дека „сите Јапонци изгледаат исто“, што предизвика реакција и обвинувања за ширење расни стереотипи.

Поранешниот играч на Реал Мадрид, Тотенхем и Хамбургер набрзо сфати дека неговиот кометар е несоодветен. Првично се обиде да објасни дека станува збор за шега, но за време на емитувањето призна дека сите понатамошни коментари можат само да ја влошат ситуацијата.

Еден ден подоцна, Ван дер Варт се огласи и рече дека зад неговите зборови нема расистичка или дискриминаторска намера.

– Никогаш не сакав да навредам, повредам или дискриминирам некого. Сепак, разбирам дека моите зборови влијаеле врз некои луѓе и за тоа искрено жалам. Ако сум навредил некого, се извинувам. Тоа никогаш не ми беше намера – рече Ван дер Варт.

Британската организација за борба против дискриминацијата во фудбалот „Kick It Out“ исто така реагираше на неговиот коментар. Нивниот портпарол оцени дека е разочарувачки кога поранешните фудбалери користат расистички стереотипи, а потоа се обидуваат да ги оправдаат како шега.

Целиот случај предизвика големо внимание во фудбалската јавност и уште еднаш го отвори прашањето за одговорноста на јавните личности и телевизиските коментатори. Извинувањето на Ван дер Варт веројатно нема целосно да ги замолчи критиките, но е обид да се смират тензиите што се појавија по непромислен коментар за време на натпревар од Светското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот