Јокиќ конечно ќе добие српски соиграч – Богдановиќ на радарот на Денвер
Денвер Нагетс досега беа релативно тивки ова лето, освен неколку гласини за размени на играчи, но можно е едноставно да го чекаат почетокот на преодниот рок за слободни агенти. Нагетс ќе можат да започнат преговори со слободни агенти на 30 јуни, а можеби веќе знаат кому ќе му се јават прво.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Српскиот портал „Меридијан Спорт“, преку новинарот Ѓорѓе Матиќ, објави дека Денвер планира да го ангажира Богдан Богдановиќ, потег кој не би бил изненадување ако се земе предвид желбата на клубот да го задоволи Никола Јокиќ. Јокиќ и Богдановиќ со години се соиграчи во српската репрезентација, а нивното обединување во Денвер би било возбудливо по сè што постигнаа заедно на меѓународната сцена.
„Според неофицијални информации од САД кои стигнаа до ’Меридијан Спорт’, Денвер нетрпеливо го чека 30 јуни за да започне лов на Богдан Богдановиќ“, напиша Матиќ. „Според нашите информации, Нагетс одамна го имаат подвлечено неговото име во своите белешки, свесни колку тој и Јокиќ позитивно влијаат еден на друг, а со тоа ги прават и останатите соиграчи подобри и посамоуверени.“
Секако, останува да се види што ќе се случи кога Денвер официјално ќе може да преговара со слободните агенти, но Богдановиќ би бил одлично засилување.
Зошто Богдановиќ би бил добар играч за Денвер?
Некои НБА играчи играат подобро кога ја претставуваат својата земја, а Богдановиќ можеби е еден од нив. Иако зад себе има успешна деветгодишна НБА кариера, се поставува прашањето зошто често пружа подобри партии во дресот на Србија. Многумина веруваат дека токму играњето покрај Никола Јокиќ му овозможува целосно да ги покаже своите квалитети.
SERBIA ADVANCES TO QUARTERFINALS! Earlier today, Bogdan Bogdanovic & Nikola Jokic dominated to help lead Serbia over South Sudan, 96-85! 🇷🇸
Bogdan: 30 PTS, 8 AST, 4 REB, 10/14 FGM, 6/9 3PM
Jokic: 22 PTS, 13 REB, 4 AST, 7/9 FGM, 27 MINWill Serbia win a medal? 🤔🏅 pic.twitter.com/zXHEGUxpCZ
— Courtside Buzz (@CourtsideBuzzX) August 4, 2024
Богдановиќ зад себе има солиден период во Лос Анџелес Клиперс, каде што просечно бележеше 9,7 поени, 2,9 скока и 2,8 асистенции по натпревар, со шут од 44,3 проценти од игра, 39,5 проценти за три поени и 84,2 проценти од линијата за слободни фрлања. За Денвер, тоа може да значи и пониска цена на пазарот на слободни агенти, а повторното здружување со Јокиќ би можело да му помогне да има сезона на враќање во препознатлива форма.
Доколку Нагетс го загубат Тим Хардавеј Јуниор, доведувањето на Богдановиќ би бил логичен потег. Со оглед на неизвесноста околу актуелниот ростер на Денвер, каде што имиња како Арон Гордон, Кам Џонсон и Кристијан Браун се споменуваат во можни размени, доведувањето на играч кому Јокиќ му верува и на теренот и надвор од него би можело да биде значајно.
Иако Јокиќ речиси една деценија е заштитното лице на франшизата, Денвер досега никогаш не му обезбедил српски соиграч. Ова можеби е нивната најдобра шанса да го направат тоа.
Дополнително, овој потег би можело да го мотивира Јокиќ да потпише нов договор со клубот.
Сепак, евентуалниот ангажман на Богдановиќ не би бил само потег насочен кон задоволување на Јокиќ. Српскиот бек поседува квалитети што би му донеле значајна вредност на Денвер и на теренот. Кога е во својата најдобра форма, Богдановиќ е способен да биде еден од најдобрите резервисти во лигата, редовно постигнувајќи двоцифрен број поени, со одличен шут за три поени и способност да ја преземе организацијата на играта кога тимот е под притисок. Токму таков профил на искусен и сигурен играч му недостасува на Денвер во борбата за титулата.


