Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

АБА лигата од следната сезона ќе брои 20 клуба, се враќа Цибона

Раководството на АБА кошаркарската лига денеска објави дека регионалното натпреварување следната сезона ќе има 20 клуба, а дека Цибона и Слован Братислава ќе се натпреваруваат во новата сезона.

Како што е наведено, во согласност со зголемувањето на бројот на екипи учеснички, наскоро ќе биде дефиниран системот на натпреварување во АБА лигата за сезоната 2026/27.

Цибона се врати во натпреварувањето по пауза од една сезона, а Слован Братислава ќе стане дебитант.

– Во сезоната 2026/27, 20 клуба ќе учествуваат во АБА лигата. Членовите на Собранието ја усвоија одлуката Цибона да се врати во регионалното натпреварување во претстојната сезона, додека Слован Братислава ќе се приклучи за прв пат. Ѝ честитаме на Цибона за враќањето во регионалното натпреварување и му посакуваме добредојде на Слован Братислава во АБА лигата – објави АБА лигата.

Сплит минатата сезона испадна од АБА лигата, а во елитата влезе Широки Бријег. Останатите учесници во натпреварувањето се: Партизан, Црвена звезда, Спартак Суботица, Мега, ФМП, Борац Чачак, Дубаи, Будуќност Подгорица, Клуж, Цедевита Олимпија, Босна, Игокеа, Задар, Крка, Илирија, Студентски центар и Виена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот