Фото: FK Vardar

Фудбалерите на Вардар имаа нов успешен тест на подготовките во Италија

Фудбалерите на Вардар, актуелните македонски шампиони, за новата натпреварувачка сезона, моментно се подготвуваат во Норчиа, Италија.

Покрај редовните тренинзи, скопските „црвено-црни“ ја темпираат формата и со одигрување на пријателски натпревари.

Вардар денеска триумфираше со 4:1 во контролен меч против екипата на Валнерина.

Стрелци на головите за Вардар беа Давид Бабунски, Горан Закариќ, Азер Омерагиќ и Јоакин Торрес.

Стартниот состав на ФК Вардар:

Давор Талески, Георгије Јанкулов, Мислав Матиќ, Дарко Велковски, Иан Пулиео Лукас, Давид Бабунски, Немања Босанчиќ, Јоакин Торрес, Горан Закариќ, Герсон Родригез, Азер Омерагиќ

Резерви:
Даниел Диковски, Ненад Мишковски, Христијан Јевтоски, Андреј Мурџевски, Мигуел Пиреш, Огнен Јаков, Димитар Тодоровски, Филип Најдовски, Бобан Николов, Димитар Данев, Филип Дурански

Ова беше втор тест за играчите на Вардар, претходно триумфираа и над Аматерската селекција на Умбрија со 2:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот