Маж фрлил тригодишно дете во езеро со крокодили во британска зоолошка градина
Тригодишно дете претрпело сериозни повреди откако било фрлено во езерце со крокодили во зоолошката градина „Џонсонс“ во Олд Херст, Кембриџшир. Полицијата уапси 30-годишен маж од Норфолк под сомнение за обид за убиство, пренесе „Гардијан“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според соопштението за медиумите од полицијата во Кембриџшир, инцидентот се случил денеска околу 13:30 часот. Момчето е итно префрлено во болницата „Аденбрук“ во Кембриџ, каде што лекарите се борат за неговиот живот.
Полицијата потврди дека состојбата на момчето е сè уште критична, но стабилна.
„Момчето е пренесено во болницата Аденбрук со сериозни повреди. Неговата состојба е критична, но стабилна. Специјално обучени полицајци му даваат поддршка на неговото семејство“, рече портпаролот на полицијата.
Обвинет за убиство
Главната истражителка изјавила дека полицијата разговарала со сведоци кои биле во зоолошката градина во времето на инцидентот со цел да се утврдат сите околности на овој шокантен случај.
„Во оваа фаза од истрагата, разговараме со луѓе кои биле присутни во зоолошката градина за подобро да ги разбереме околностите на инцидентот. Не веруваме дека уапсениот маж и детето се познавале. Полициските службеници го поддржуваат семејството на момчето во болница и нашите мисли се со нив“, изјави Верити Мекан.
Локалните власти ги повикаа граѓаните на воздржаност, особено на социјалните мрежи.
Зоолошката градина „Џонсонс“ е семеен комплекс кој вклучува зоолошка градина, фарма, продавница за локални производи, чајџилница и ресторан. На својата веб-страница пишува дека станува збор за работна фарма и зоолошка градина лоцирана во рурална област, со повеќе од 100 животни, вклучувајќи африкански лавови, бенгалски тигри, крокодили и други егзотични видови.
Истрагата за околностите на овој шокантен настан е во тек.
Европа се бори со бранот синтетички опијати — секоја недела се појавува нова дрога на црниот пазар


