Фото: Russian Defense Ministry Press Service

Рускиот авион, кој исчезна со 189 патници, принудно слетал во Сочи

Рускиот патнички авион „Боинг 737-800“ на авиокомпанија „Смартавија“, кој вчера исчезна од радарите со 189 патници и членови на екипажот, принудно слетал во Сочи, објави новинската агенција 112.уа.

Авионот кој летал на редовната линија Сочи – Архангелск, испратил сигнал за помош додека се наоѓал над Црното Море и набргу исчезнал од радарите. Половина час по полетувањето, пилотите пријавиле шифра 7700, што означува сериозен инцидент во авионот.

Нема официјална изјава за инцидентот, ниту објаснување што се случило со авионот.

Седиштето на компанијата „Смартавија“ е во Архангелск, а нејзината флота се состои од 13 авиони: два „Боинг 737-700“, девет „Боинг 737-800“ и два „Ербас А320“. Просечната старост на флотата на „Смартавија“ е 16,8 години.

Руски авион со 189 патници исчезна од радарите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот