Повеќе од десет повредени во тешка сообраќајна несреќа на патот Свети Николе – Куманово
Тешка сообраќајна незгода што се случила вчеравечер на магистралниот пат Свети Николе – Куманово, каде, како што пренесува М-нет, се судриле комбе и камион и има повеќе повредени.
Препорачано
Од противпожарната бригада во Свети Николе за М-нет соопштиле дека пожарникари вчеравечер околу 21 часот интервенирале и извлекувале повредени од возилата, по што тие биле предадени на Итната помош.
-Интервенцијата била реализирана на 19 јуни во 21:02 часот, кога на местото на несреќата било испратено едно противпожарно возило. Пожарникарите учествувале во спасувачката акција, при што извршиле извлекување на повредените лица од возилата. По укажаната прва помош на терен, повредените биле предадени на екипите на Итната медицинска помош за понатамошен третман и транспорт до здравствена установа. Од Пожарна Свети Николе апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот, со цел да се намали ризикот од сообраќајни незгоди и да се заштитат човечки животи- се вели во изјавата.

Неофицијално, единаесет лица се пренесени во Клиничката болница во Штип, каде што им била укажана лекарска помош.
Во текот на денот се очекува официјално соопштение од МВР.


