„Кафе Југославија“ во Сингапур - Фото: Инстаграм/ yugoslavia_bakery_and_cafe

ВИДЕО | Македонци ја однесоа „Југославија“ во Сингапур — кафе-пекарница што мириса на бурек и носталгија

Во Сингапур постои необично и сè попопуларно место кое носи име „Југославија“ и кое на прв поглед изненадува многу посетители, особено оние од Балканот. Станува збор за кафе-пекарница „Југославија“ која успеала да создаде автентична балканска атмосфера во срцето на Азија и да стане вистинска атракција меѓу локалците и странците.

Зад овој интересен концепт стојат Митре и Катарина, Македонци кои со својата идеја сакале да ги приближат традиционалните вкусови од овие простори до гостите во Сингапур. Она што започнало како мала замисла, денес прераснало во ланец со неколку објекти, од кои особено внимание привлекува локацијата на аеродромот.

Посетителите таму можат да уживаат во препознатливи специјалитети како бурек, кифли, штрудли, баклави, ванилици, бајадери и други слатки и солени деликатеси карактеристични за балканската кујна. Дополнително, целото искуство е заокружено со домашна кафе-култура, која ги задржува гостите подолго од планираното.

Внатрешниот амбиент дополнително го засилува впечатокот – ѕидовите се украсени со фотографии од Јосип Броз Тито, а во позадина се слушаат музички нумери од поранешниот југословенски простор, што создава носталгична атмосфера за некои, а егзотично искуство за други.

Изненадувачки, најмногу гости се локалните жители и странци кои живеат во Сингапур, кои го откриле ова место преку неговиот уникатен концепт и приказна.

ФОТО | Браќата Јован и Никола „растураат“ со бурекчилница во Сиднеј: Сакаме да се знае дека бурекот е македонски производ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот