Граничен премин Ќафасан / фото: МИА / архива

Албанската влада потврди, ќе има заеднички гранични контроли на „Ќафасан“

Албанската влада на попладневната седница го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „Уан стоп шоп“ со Македонија, објави државната агенција АТА. Системот првично ќе се воведе на граничниот премин Ќафасан, а потоа ќе се проширува и на останатите гранични премини со Албанија.

Ова доаѓа откако македонската влада пред два дена го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки со Албанија. Сега останува да се потпише договор меѓу двете министерства за внатрешни работи.

Според денешната одлука на владата во Тирана, договорот има за цел создавање заеднички гранични премини меѓу двете земји и развивање координирани процедури за гранична контрола, со цел олеснување на движењето на патници и стоки, како и зајакнување на прекуграничната соработка.

Со пуштањето на овој систем, како што деновиве информираа од македонската влада, се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и Косово.

„Ова ќе овозможи поедноставно, побрзо и побезбедно преминување на државната граница, особено во летниот период кога значително се зголемува фреквенцијата на патници и кога во минатото граѓаните често укажуваа на долгите чекања на граничните премини“, рече завчера портпаролката на Владата, Венера Љатифи-Азизи.

Владата изгласа: на „Ќафасан“ ќе има заеднички гранични проверки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот