Фото: Ненад Димитријевиќ/ Bayern Basketball

Алба Берлин израмни во финалето — Димитријевиќ и Баерн ќе играат „мајсторка“ за титулата

Денеска кошаркарите на Алба Берлин на домашен терен со 71:61 славеше против Баерн Минхен за израмнување во финалната серија на 2:2 во германското првенство.

Петтиот решавачки натпревар за освојување на титулата оваа сезона ќе се игра во Минхен на 21 јуни со почеток од 18.00 часот.

Во текот на третата четвртина играчите на тренерот Светислав Пешиќ имаа двоцифрено водство од 52:42, но оттогаш следуваше голема пад во играта кај гостите.

Тоа максимално го искористија домаќините, во последните 10 минути на паркетот како да играа само домаќините кои стекнаа дури „плус 14“ предност (70:56).

Во победничките редови доминираше Американецот Џастин Бин со 17 поени, девет скокови и две асистенции.

На спротивната страна повторно блескаше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој за 25:44 минути игра беше прв стрелец во редовите на Баерн со 14 поени, пет скокови и две асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот