ВИДЕО | Зверев ја забележа 10 победа по ред и стигна до полуфиналето во Хале
Германскиот тенисер Александер Зверев се пласираше во полуфиналето на турнирот во Хале откако го победи Белгиецот Рафаел Колињон со 2:0 во сетови 7:6 (10) и 7:6 (2).
Препорачано
Актуелниот шампион на Ролан Гарос продолжи со триумфите на тревна подлога. Откако неодамна го освои својот прв грен слем трофеј во Париз во кариерата, Зверев се подготвува за Вимблдон во Хале, каде што стигна до полуфиналето на турнирот од серијата 500.
Германецот ја забележа својата 10 победа по ред, а само уште една во Хале би му дал многу реална шанса да го престигне второпласираниот Карлос Алкараз на АТП ранг-листата по Вимблдон.
Додека Шпанецот со месеци се опоравува од повреда на зглобот, успехот на Зверев на париската земјена подлога драстично ја намали разликата во бодовите, а сега секој нов триумф дополнително го зголемува притисокот врз шпанскиот тенисер.
Зверев постави и нов рекорд во Хале оваа година – тој стана играч со најмногу победи на турнири од серијата 500. Тој запиша вкупно 123 – две повеќе од Рафаел Надал.
What a way to win it 😍
Alexander Zverev battles past Raphael Collignon to reach an eighth semi-final of 2026! 🔝@ATPHalle #TWO26 pic.twitter.com/44SB7g6pvc
— Tennis TV (@TennisTV) June 19, 2026
Турнирот во Хале е традиционално успешен за германскиот тенисер. Ова е петти пат да стигне до полуфиналето, приклучувајќи се на елитната група во која се Рожер Федерер со 15 полуфиналиња, Евгениј Кафелников со седум и Филип Колшрајбер со шест.
Во борбата за место во финалето, Зверев в сабота ќе се сретне со Американецот Тејлор Фриц кој беше подобар од сонародникот Бен Шелтон со 7:6 (5), 6:7 (8) и 6:7 (3).


