Росанка Трајковска, нападната во домот во Челопек фото „Слободен печат“ Методи Здравев
Росанка Трајковска, нападната во домот во Челопек фото „Слободен печат“ Методи Здравев

Обвинение против серискиот убиец од Кумановско: убил четири жени за да ги задоволува своите страсти

Обвинителството поднесе обвинителен акт со кој го товари 25-годишниот Трајко Бојковски од Старо Нагоричане за четири убиства и два обиди за убиство на повозрасни жени од регионот.

Бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Согласно извршените вештачења во текот на истрагата делата ги вршел од други ниски побуди, односно со намера да ги задоволува своите полови страсти спрема мртви женски тела.

Така, ноќта помеѓу 5 јануари 2025 година и 6 јануари 2025 година во селото Клечовце со умисла лишил од живот повозрасна и немоќна жена. Влегол во нејзината куќа и додека таа била заспана на креветот физички ја нападнал и насилно почнал да ја задушува. Од бројните скршеници и повреди поради кои не можела да дише, жената починала.

Во точно неутврден временски период помеѓу 5 јуни 2025 и 7 јуни 2025 година во селото Драгоманце, на сличен начин со умисла лишил од живот уште една жена.

Третиот настан е евидентиран на 22 јули 2025 година во село Челопек, каде се обидел да лиши од живот жена која успеала да го заплаши така што викнала по нејзиниот син, па обвинетиот избегал.

Во вечерните часови помеѓу 17 јануари 2026 година и 18 јануари 2026 година во селото Старо Нагоричане, обвинетиот со умисла лишил од живот жена која била помлада по возраст, но за која исто така знаел дека е сама. Начинот на извршување на делото бил сличен како кај претходните жртви.

Во селото Челопек, во вечерните часови помеѓу 5 и 6 февруари 2026 година обвинетиот лишил од живот уште една повозрасна и немоќна жртва.

Последниот евидентиран настан е на 9 февруари 2026 година во село Челопек, каде со умисла се обидел да лиши од живот уште една жена, но се исплашил од звук што го слушнал и побегнал пред да ја реализира намерата.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

ВИДЕО | „Слободен печат“ по трагите на серискиот убиец од Кумановско – Мештаните се прашуваат: „Можел ли сам да го смисли планот или имал учител?“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот