„Сите нека знаат“ — Утре започнува седмото издание на Парадата на гордоста во Скопје
Утре ќе се одржи седмото издание на Парадата на гордоста во Скопје под главниот слоган „Сите нека знаат“.
Препорачано
Организаторите од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија нагласуваат дека овогодинешниот марш има строго протестен карактер, како одговор на зголемениот притисок и обидите за институционално невидливеење на ЛГБТИ+ заедницата.
Годинава маршот ќе се движи по проширена и исклучително видлива маршрута низ централните градски сообраќајници:
- 18:00 часот – Собирот започнува кај Фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк во Скопје, каде што ќе има воведни обраќања на активистите.
- 19:00 часот – Протестниот марш започнува од паркот.

Утре започнува седмото издание на „Скопје прајд“ (Парада на гордоста) фото: „Скопје прајд“ официјален Фејсбук профил - Маршрута на движење – Поворката ќе се движи по булеварот „Илинден“, ќе сврти лево по улицата „Рузвелтова“, па десно по булеварот „Партизански одреди“, продолжува по булеварот ВМРО и по улицата „Димитрие Чуповски“.
- Крајна точка – Маршот ќе заврши во паркот „Жена-борец“, веднаш наспроти Собранието.

За разлика од претходните години, организаторите решија самиот марш да нема забавен дел со бина и со музичка програма на крајната точка. Настанот е фокусиран исклучиво на гласен протест за клучните барања: итно носење на Законот за матична евиденција (правно признавање на родот), заштита од насилство и крај на говорот на омраза.
Иако самиот марш е строго протестен, прославата и солидарноста на заедницата се префрлаат на официјалната вечерна забава во 21 часот во културниот центар „Лабораториум“.


