Артур Шеху, кој продал земјиште за врз него да никнат хотелите на зетот на Трамп, е под истрага за трговија со дрога
Со судска наредба е замрзната банкарска сметка тешка 127 милиони долари, на која лежат парите од зделката со која Албанецот Артур Шеху ѝ продал земјиште на фирмата „Албаниан ленд девелопмент“ за на местото да се гради огромниот проект што ја предизвика „Фламинго револуцијата“ во Албанија – бројни хотели и резорти на американскиот бизнисмен Џаред Кушнер и неговата сопруга Иванка Трамп, објави OCCRP.
Препорачано
Сметката е замрзната, затоа што лицето Артур Шеху, што го продало земјиштето каде ќе се градат резортите, во друга истрага е осомничено за трговија со наркотици и перење пари.
Нема докази дека Иванка Трамп, нејзиниот сопруг Џаред Кушнер или било кој инвеститор во проектот со резортите, знаел за истрагата или наводите против Шеху.
Со судски налог од 31 мај годинава, извршени се претреси кај лица што продавале земјиште за проектот. Обвинителите тврдат дека голем дел од земјиштето наменето за луксузниот резорт, претходно било здобиено со фалсификувани документи, пишува OCCRP.
Шеху за албанска телевизиска станица изјави дека го продал земјиштето преку посредник и не знаел кој ќе биде купувачот. Тој изјави дека „неговата сопственост врз земјиштето е неспорна“.
Зврнец е директно поврзан со делтата на реката Вјоса, која е прогласена за прв Национален парк за диви реки во цела Европа. Кушнер и Трамп планираат да градат хотели таму.


