Џорџа Мелони и Доналд Трамп на самит на Г7 / Фото: EPA/YOAN VALAT

Трамп тврди дека Мелони го молела да се сликаат—таа му порача дека Италија никогаш не моли никого

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека италијанската премиерка Џорџа Мелони го молела да се фотографира со неа на самитот на Г7 во Франција, пренесе Ил Темпо.

Тој ова го кажал во интервју во емисијата „Арија че Тира“ на телевизијата Ла7, при што  разговорот веднаш го насочил кон Мелони, прашувајќи „како е вашата премиерка?“ „Што рече кога ме запозна? Веројатно е среќна што разговарав со неа“.

ВИДЕО | Брижит Макрон се најде во непријатна ситуација со Трамп

„Не морав да разговарам со неа. Не знам што да кажам. Ме молеше да се фотографирам со неа. Толку многу сакаше да се фотографира со мене. Не би го прифатил тоа, но ми беше жал за неа“, истакна тој.

Италијанската премиерка брзо го отфрли тврдењето на Трамп, нарекувајќи го „целосно измислено“. Taa рече дека е „згрозена“ од неговите коментари и го обвини дека покажува многу поголема грижа кон противниците на Западот отколку кон неговите долгогодишни сојузници.

„Тврдењата на Доналд Трамп се целосно измислени. Искрено сум шокирана. Не знам зошто претседателот на Соединетите Американски Држави се однесува на овој начин кон своите сојузници. На крајот на краиштата, ова не е прв пат. Можам само да кажам дека е разочарувачки што тој не покажува иста решителност кон непријателите на Западот и Соединетите Американски Држави, чии лидери, напротив, се однесуваат со многу поголема попустливост. Има едно нешто што треба да го запомните: ниту јас ниту Италија никогаш не молиме никого“, порача италијанската премиерка.

Мелони му беше блиска пријателка на Трамп и единствениот европски лидер поканет на неговата инаугурација минатата година. Односите меѓу двајцата се заладија кога италијанската влада на почетокот на војната во Иран го отфрли американското барање за користење на воздухопловна база во Сицилија за напади за време на војната. Трамп ја обвини Италија дека не е од помош и рече дека Мелони се променила.

Ќе го поддржиме и забрзаме овој нов украински моментум, изјавија лидерите на Г7 и најавија нови санкции против Русија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот