Фото: Креирана илустрација

Израел го користи Либан за пак да ги раскара САД и Иран

Либан останува едно од најчувствителните жаришта што би можеле да ги загрозат изгледите за траен мир. Израел, кој не беше дел од мировните разговори, се дистанцира од американско-иранскиот договор и ги продолжи борбите против Хезболах во Либан, милитантна група што важи за сојузник на Иран.

Откажувањето на разговорите меѓу американските и иранските преговарачи, кои денеска требаше да се одржат во Швајцарија, ја зголеми неизвесноста за тоа дали Вашингтон и Техеран можат во догледно време да најдат заедничко решение за ставање крај на конфликтот на Блискиот Исток, пишува „Ројтерс“.

Потпретседателот Џеј Ди Венс и американската делегација биле подготвени да заминат на разговорите, кои требаше да се одржат во швајцарското планинско одморалиште Бургеншток, но го откажаа патувањето.

„Логистиката на овие преговори никогаш не беше едноставна ниту предвидлива“, соопшти вчера портпарол на Белата куќа.

Техеран претходно соопшти дека е спремен да започне технички разговори откако 14-точковниот договор од средата го продолжи кревкото примирје за најмалку 60 дена. Иранската агенција Тасним уште во четвртокот објави дека преговарачите од Техеран првин треба да видат знаци дека САД го спроведуваат привремениот договор, а дека нема потврда дека нивната делегација ќе отпатува во Швајцарија, објави во четвртокот иранската агенција Тасним.

Американски претставници претходно изјавија дека во Швајцарија ќе се одржи и формална церемонија за потпишување на договорот, но иранското Министерство за надворешни работи фрли сомнеж врз тој план, оценувајќи дека тоа е непотребно откако претседателите на двете земји веќе го потпишале пактот.

Ова покажува несигурност во обидите двете страни да најдат заедничко решение, а многу фактори може да ги разнишаат дипломатските врски што ги воспоставија двете земји.

Војната, која започна на 28 февруари со американски и израелски воздушни напади врз Иран, однесе најмалку 7.000 животи, ги зголеми цените на енергенсите и ги потресе глобалните пазари.

Израел ги засили нападите врз Либан, загинаа 15 луѓе

Израел има поинаква математика

Либан останува едно од најчувствителните жаришта што би можеле да ја доведат во прашање можноста за траен мир.

Израел, кој беше изоставен од мировните разговори, се дистанцира од американско-иранскиот договор и продолжи со борбите против милитантната група Хезболах во Либан, која е сојузник на Иран.

Во Либан, каде што повеќе од еден милион луѓе се раселени поради борбите, новите израелски напади во петокот убија најмалку 18 луѓе. Израел соопшти дека нападите биле насочени кон цели на Хезболах. Тоа дополнително го отвори прашањето дали договорот ќе опстане и до каде би одел Трамп за да го принуди својот воен сојузник да ја запре офанзивата за која вети дека ќе заврши.

Трамп стана отворено критичен кон израелските операции во Либан, што отвори еден од најголемите расколи меѓу двете земји во последните децении.

Договорот предвидува „трајно прекинување“ на војната во Либан, но Израел соопшти дека нема намера да се повлече, туку прикажа нова карта со проширена окупациска зона. Ова е во прилог на тезата дека Израел не сака да заврши конфликтот меѓу САД и Иран, па може да ги користи нападите врз Либан како алатка за повторно разгорување на конфликтот.

„Договорот со САД ја гарантира сувереноста на Либан, а израелските напади би ги прекршиле условите“, соопшти во четвртокот иранското Министерство за надворешни работи.

Во Вашингтон, дел од републиканските сојузници на американскиот претседател Доналд Трамп во Конгресот прашаа дали тој направил премногу отстапки за да го заврши конфликтот, кој е непопуларен кај повеќето Американци пред среднорочните избори во ноември.

Во Либан, каде што повеќе од еден милион луѓе се раселени поради борбите, новите израелски напади во петокот убија најмалку 18 луѓе. Израел соопшти дека нападите биле насочени кон цели на Хезболах.

Израел ги засили нападите врз Либан, загинаа 15 луѓе

Трамп едно вели, а друго прави

Вашингтон, барем формално, покажува намера да го затвори конфликтот со Техеран, но контрадикторните изјави на американскиот претседател оставаат мал простор за јасно толкување на неговите намери.

Трамп во март порача дека војната ќе ја заврши само со „безусловна капитулација“ на Иран. Но, меморандумот потпишан со Иран, наместо тоа, предвидува олеснување на економските санкции, одмрзнување имот вреден десетици милијарди долари и итни американски изземања за иранскиот извоз на нафта.

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, изјави дека Трамп го потпишал договорот „од очај“ и сигнализираше дека претстојните разговори за иранската нуклеарна програма, која беше меѓу наведените причини на Трамп за започнување на војната, нема да бидат лесни.

– Ако американската страна сака да бара премногу, ние тоа нема да го прифатиме – порача тој.

Иранскиот Врховен совет за национална безбедност најави реципрочен одговор на секое прекршување од „недоверливата“ американска страна, наведувајќи дека нема да покаже „никаква попустливост“ сè додека не бидат обезбедени сите права на нацијата.

Договорот дава 60 дена за наоѓање решение

Договорот им дава на преговарачите рок од 60 дена да најдат решение за статусот на иранската нуклеарна програма, освен ако не биде договорено продолжување. Тој предвидува и формирање фонд за обнова од 300 милијарди долари за Иран, како и други финансиски стимулации.

Венс изјави дека Вашингтон ќе настојува да ги ограничи и иранските ракети со долг дострел.
Растечките трошоци од војната, исто така, се во фокусот, откако американското Министерство за одбрана им соопшти на законодавците дека му се потребни 80 милијарди долари за покривање на трошоците и за некои неповрзани сметки.

Вашингтон не си ги исполни целите

Кога САД и Израел ја започнаа војната пред речиси четири месеци, Трамп рече дека целта му е да ги уништи иранските нуклеарни капацитети „за да се осигури дека земјата никогаш нема да може да развие такво оружје“.

Тој тврдеше дека сака и да ја прекине способноста на Техеран да ги напаѓа соседите, да го спречи Техеран да ги поддржува сојузничките антиизраелски милитантни групи во регионот и „да им овозможи на Иранците да ја соборат својата теократска влада“.

Ниедна од тие цели не беше исполнета кога Трамп го потпиша договорот, во кој Иран повторно ја изнесе својата повеќедецениска позиција дека нема да набави или да развие нуклеарно оружје, став во кој се сомневаа повеќе американски претседатели.

Иран се согласи и на намалување на степенот на збогатување на своите резерви на високо збогатен ураниум на самото место и на инспекции од Меѓународната агенција за атомска енергија, како членка на Договорот за неширење нуклеарно оружје. Притоа го отфрли барањето на Трамп материјалот да биде изнесен од земјата.

Американските претставници велат дека преговорите сè уште можат да доведат до силен договор за иранската нуклеарна програма за да се постигне подобар договор од оној од 2015 година меѓу Иран, САД и други земји, кој Трамп го напушти во својот прв мандат.
Но, критичарите велат дека Иран сега е во посилна позиција, откако издржа напад од суперсила, ја демонстрираше контролата врз Ормускиот Теснец и доби вредни изземања од финансиските санкции.

Иран соопшти дека и натаму ќе врши контрола врз Ормускиот Теснец во партнерство со Оман, својот сосед од другата страна на клучниот воден пат, а и дека има намера да им наплаќа на бродовите сервисни такси кои не постоеле пред војната, иако не за време на 60-дневните разговори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот