ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Тинејџери со цвеќиња и мечиња чекаа на аеродром во Еквадор, па ладнокрвно убија познат мафијаш
Маж, кого еквадорските власти го поврзуваат со една од најопасните банди во земјата, е убиен пред аеродромот во Гвајакил. Ликвидацијата среде бел ден предизвика паника кај патниците на аеродромот. Во нападот е повреден и еден минувач, пренесе Би-би-си.
Препорачано
Кратко по убиството, полицијата уапсила двајца тинејџери.
Жртвата е 39-годишниот Карлос Алберто Суастеги Вилануева, за кого еквадорскиот министер за внатрешни работи Џон Рајмберг рече дека предводел фракција на бандата Лос Агилас.
Снимките од безбедносните камери покажуваат двајца тинејџери како со цвеќиња и кадифени играчки чекаат пред терминалот за пристигнувања. Еден од нив му се приближува на Суастеги, вади пиштол што бил скриен зад кадифено мече и пука во човекот од блиску и бега. Потоа друг тинејџер се приближува и испукува уште еден куршум кон човекот и бега.
Според локалните медиуми, пукањето предизвикало паника кај патниците, кои се распрснале од страв низ аеродромот.
Терминалот за пристигнувања беше затворен повеќе од два часа додека полицијата и форензичките експерти спроведуваа истрага.
Бандата Лос Агилас беше прогласена за терористичка организација во 2024 година со одлука на претседателот Даниел Нобоа. Властите ја поврзуваат со трговија со дрога и изнуда, пишува Би-Би-Си.
Во последните години, Еквадор се соочи со нагло зголемување на насилството поврзано со организираниот криминал. Земјата се наоѓа помеѓу Колумбија и Перу, два од најголемите светски производители на кока, суровина за производство на кокаин, и стана една од клучните рути за шверц на дрога кон САД, Европа и други пазари.
Убиството на аеродромот се случи само еден ден откако претседателот Нобоа повторно прогласи вонредна состојба во десет провинции, вклучувајќи го и Гвајас, поради влошената безбедносна состојба. Стапката на убиства во Еквадор достигна рекордно високо ниво во текот на 2025 година.
Маж фрлил тригодишно дете во езеро со крокодили во британска зоолошка градина


