Уште 30 дена притвор за потпалувачот на возилата на Бугарската амбасада – му отворија истрага и за загрозување лица под меѓународна заштита

Човекот што неделава ги запали возилата пред бугарската амбасада, се соочува со уште една истрага покрај таа за предизвикување општа опасност. Како што соопшти Обвинителството за гонење организиран криминал, постои основано сомнение дека осомничениот сторил и кривично дело „загрозување лица под меѓународна заштита“ за кое е предвидена казна затвор од најмалку една година.

Според обезбедените докази, постои основано сомневање дека осомничениот на 15 јуни 2026 година со опожарување на возила пред Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, што ги користеле военото аташе на Бугарија во Македонија и други вработени во амбасадата, создал значителна опасност за животот и телото на лица под меѓународноправна заштита.

Имајќи предвид дека станува збор за кривично дело што спаѓа во групата на кривични дела против човечноста и меѓународното право и кое својата основа ја наоѓа во Конвенцијата на Обединетите нации за превенција и казнување на кривични дела насочени против меѓународно заштитени лица, вклучително и дипломатски претставници, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор во траење од 30 дена за лицето на кое до сега му беше определена притворска мерка од 8 дена во скратена постапка, соопшти ОЈО ГОКК.

Човекот што ги запали возилата пред Бугарската амбасада има тетоважа од Путин — му бил херој и идол

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот