Фото: илустрација / Слободаен печат / Драган Митрески

Кривична против неготинец, осомничен е дека без документи изградил објекти и вршел угостителска дејност

ОВР – Неготино, до Основното јавно обвинителство – Кавадарци, поднесе кривична пријава против 52-годишен неготинец, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Тој е осомничен дека сторил кривично дело „бесправно градење“ по член 244 од Кривичниот законик,

– На земјиште во негова сопственост на место викано „Дубровско“ во Неготино, без да поседува соодветна документација, изградил неколку објекти и вршел угостителска дејност. При извршен инспекциски надзор, било констатирано дека објектите биле изградени без решенија за поставување и одобренија за градба – информираа од СВР – Велес.

Уапсен Србин кој со „порше“ летал со 188 километри на час на автопатот Куманово-Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот