Рашела Мизрахи - пратеничка / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Ќе консултираме експерти за амандманите на предлог-законот против пушење, рече Рашела Мизрахи

Претседателката на собраниската Комисија за здравство, Рашела Мизрахи, денеска соопшти дека ќе се побара мислење од експерти за амандманите кои се поднесени на предлог-законот против пушење, со цел да останат во согласност со ЕУ директивите.

Собраниската Комисија ја прекина расправата за предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, откако Мизрахи соопшти дека за сите осум поднесени амандмани ќе бидат побарани експертски консултации.

„Поради природата на амандманите и поради потребата за ефикасност, а не чиста политика, земајќи предвид дека се работи за реформски закон со европско знаменце, ќе побараме консултации од експертски лица по прашање на сите амандмани за тие да не ги пробијат текстовите на ЕУ директивите со кои се усогласуваме“, рече Мизрахи.

Продолжението на седницата ќе биде дополнително закажано. На седницата беа поканети членовите и заменик-членовите на Комисијата, како и министерот за здравство, Азир Алиу.

 

Со новиот закон се забранува рекламирање и промоција на тутунски производи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот