Продавница цигари / Фото: Serge Tenani / AFP / Profimedia

Со новиот закон се забранува рекламирање и промоција на тутунски производи

Алиу појаснува дека рекламирањето директно влијае врз младите да почнат да пушат. Со овие законски одредби, нагласува тој, се превенираат прикриените форми на промоција на овие производи. Јавното здравје има предност пред комерцијалниот интерес, порача Алиу.

Новиот предлог-закон за заштита од пушење предвидува целосна забрана за рекламирање, промоции и спонзорства од тутунската индустрија. Овие законски одредби се однесуваат на објави во медиуми, на интернет и социјални мрежи, како и на настани, наградни игри, попусти, подароци, соопшти Министерството за здравство.

„Лесната достапност и видливоста на производите го зголемуваат бројот на нови корисници, особено меѓу децата и младите, а намалувањето на видливоста е една од најефикасните мерки за превенција. Заштитата на децата е апсолутен приоритет“, оценува министерот за здравство, Азир Алиу.

Дополнително, покрај забраната за продажба на малолетни лица не само на класични цигари, туку и на сите останати никотински производи, се воведува и забрана за јавно изложување тутунски и никотински производи на продажни места, како и за продажба на тутунски и никотински производи во угостителски објекти, спортски и културни објекти и јавни настани.

Алиу појаснува дека рекламирањето директно влијае врз младите да почнат да пушат. Со овие законски одредби, нагласува тој, се превенираат прикриените форми на промоција на овие производи. Јавното здравје има предност пред комерцијалниот интерес, порача Алиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот