Илчо Ѓорѓиоски/ФФМ

Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски доби 30 дневен притвор

Судот го прифати барањето на Јавното обвинителство, и беше донесена одлука за 30 дневен притвор за поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски.

Во четвртокот беше објавено дека е уапсен Ѓорѓиоски, поради неправилности во работењето за периодот од 2015 до 2019 година, за финансиски криминал тежок речиси три милиони евра.

Исто така, и на Олгица Младеновска, која беше раководителка на Секторот за финансии за време на мандатот на Ѓорѓиевски, ѝ е одреден притвор од 30 дена.

Обвинителството претходно побара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени вчера во рамките на истражната постапка против 18 физички и осум правни лица за проневера на над 180 милиони денари.

Како резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ, вчера под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во координација со Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи извршија претреси на домови, деловни простории и лица на повеќе локации во Скопје при што од слобода беа лишени 12 лица, меѓу кои и поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, додека пет лица во моментов се недостапни за органите на прогон. Муамед Сејдини, исто така, поранешен претседател на ФФМ, беше уапсен во април годинава и му беше определен притвор, поради основано сомневање дека сторило кривично дело проневера во служба со парични средства поврзани со изградба на трибина на Стадион „Билјанини Извори“ во Охрид.

ФФМ за апсењето на Ѓорѓиоски: Проневерени се скоро три милиони евра

Раководителката за финансии главна за осомничена за криминалот во ФФМ – пријавата е од 2020 година

МВР објави детали: Сејдини наводно проневерил 660.000 евра, ОЈО бара притвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот